Шефот на шпанска нарко банда избега од затвор: Беше на викенд отсуство

Водачот на шпанската нарко банда Лос Пантоја, Хесус Хередија, не се вратил во затвор откако добил отсуство во текот на викендот, а судот во градот Кадиз распишал налог за негово апсење, објавија денеска шпанските медиуми.

Тој отслужуваше шестгодишна затворска казна за трговија со дрога , објави јавната телевизија Ртве.

Тој беше уапсен во 2020 година заедно со 40 други членови на неговата организација, а две години подоцна беше осуден на затвор од судот во Алгесирас.

Хередија го презеде раководството на кланот Лос Пантоја откако претходниот водач, Абделах Ел Хаџ, побегна во Мароко .

Хередија требаше повторно да се појави на суд на 5 мај за друг случај на трговија со дрога од 2020 година.