ШЕФ НА АЛБАНСКАТА МАФИЈА ОТКРИВА – Во интервју за шпански весник тврди: “Крадев од куќата на Кристијано Роналдо, но не и од домот на Лионел Меси!“

Познатите фудбалери кои играа во Шпанија во последните години често беа мета на разбојници.

Нивните куќи беа ограбувани обично додека тие беа на натпревари. Шпанската полиција долго време не можеше да ги фати криминалците, а потоа „пајажината“ почна да се одмотува. Се испостави дека позади фамозните кражби стојат Албанци, а рден од нив, „Ел Капо“ или шефот кој зборуваше за шпанскиот весник El Espanol.

Во серијалот на овој весник „Мафија што ограбува познати личности“, шефот на албанската мафија се претставувал како Алберто.

Алберто во 2012 година ја ограбил куќата на Јохан Кројф, славниот фудбалер на Ајакс и Барселона. Како што вели, пленот што го зеле тогаш изнесувал околу 20.000 евра, иако тогашниот тренер на Барселона пријавил дека украдената сума надминала 500.000 евра.

Еден од неговите тимови ја ограбил куќата на Кристијано Роналдо во неговата родна Мадеира. Исто така, неговиот втор тим успеал да влезе во замокот на Лионел Меси во населбата на Барселона наречена Кастелдефелс, но разбојниците не одзеле ништо.

Алберто го оправда овој чин со тоа што Лионел Меси е неговиот омилен фудбалер и дека го поштедил неговиот дом од почит.

Неодамна, пред околу една година влеговме во куќата. Лионел Меси тогаш веќе беше во Париз, а неговите родители живееја таму. Добро ја познавам таа област, можев, но не сакав од почит кон Лионел Меси. Го сакам и тоа е тоа. Неколку пати дури и запрев луѓе кои сакаа да упаднат во куќата на Лионел Меси“, истакнал Албанецот.

Скапите работи од куќите на Карим Бензема, Анхел Ди Марија, Алваро Мората дојдоа во рацете на албанската мафија, а последен во низата бил домот на Серхио Рамос.

АлбанијакражбакриминалКристијано РоналдоЛионел МесифудбалШпанија