Претседателот на Српската радикална партија и кандидат за пратеник д-р Воислав Шешељ на предизборниот митинг во Домот на синдикатите рече дека на Србија место и’ во БРИКС .
– Таму припаѓаме, со најголемите сили на овој свет. Татковина Србија, мајка Русија. Многупати на дело докажавме дека сме подготвени да ги жртвуваме животите за нашата татковина Србија. Подготвени сме да се жртвуваме за мајка Русија. Да живее Голема Србија! – рече Шешељ.