Шиитски милиции, нападна американска база на аеродромот Ербил во ирачки Курдистан, соопшти шиитската милиција.
- Ирачките борци употребија беспилотно летало за да ја нападнат американската окупациска база на аеродромот во Ербил, се вели во соопштението.
Како што појасни движењето, нападот бил одговор „на злосторствата извршени од непријателот врз народот во Газа“.
Претходно, заменик-секретарот за печат на Пентагон, Сабрина Синг, изјави дека од 17 октомври, американските сили на Блискиот Исток биле нападнати 74 пати.