По сето ова реагираше и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој напиша дека улицата „Втора македонска бригада“ никогаш не била избришана во Скопје.
Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја. Историјата на НОБ и партизанското движење! Така беше, така ќе остане, пишува Шилегов, додавајќи дека популистичките изјави од сите страни се резултат на тотална неинформираност или свесна манипулација на јавноста.
„Не постои таква сила што би ме принудила да се откажам од светата војна за национална слобода на македонскиот народ. Поранешната улица „Ловќенска 9“ се вика „Втора македонска бригада“, нагласува Шилегов.
Тој додава дека национализмот од секаков вид е засолниште на неспособните.
Претходно, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска поднесе иницијатива за отстранување на името на Адем Демач од улица во Чаир и враќање на старото име „Втора македонска бригада“.