Американската скијачка Микаела Шифрин ја забележа денеска 85. победа во кариерата во Светскиот куп, откако триумфираше на слаломот во чешки Шпиндлерув Млин.
Шифрин победи со резултат 1:33:85 минути и сега е на само еден триумф ја дели од вкупниот рекорд според бројот на победи во Светскиот куп, кој е во сопственост на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк.
За Шифрин ова, воедно, беше 11 победа оваа сезона, а петта во слалом.
Второто место го освои Германката Лена Лир, а на подиумот се искачи и третопласираната Венди Холденер од Швајцарија.
Шифрин води во генералниот пласман со 1.617 бодови, а водечка е и во поредокот во слалом со 705 бодови.