Шкриељ: “Ковачки го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ“

Драган Ковачевски, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки со секој свој настап потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски која кога не е осудена од претседателот на партијата па и од нејзините подржувачи станува нејзин белег и карактеристика.

Подлоста, клеветење и нечовечноста никогаш не се сметаат за храброст , за дел од борбеноста и наводната бескомпромиснот со противниците или конкуренцијата.
Особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО ДПМНЕ кон други пратенички. Засега сето ова останува неосудувано од неговата партија, нема ниту извинување.

Тие методи на  примена на психичко и физизичко  насилство кон противниците, различните, и инакумислечките, својот врв го досегнаа со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО ДПМНЕ на 27ми април 2017 година. Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката ВМРО ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него.

Јавноста, граѓаните со право реагираат.  Кога таква личност би дошла во можност да практикува власт и да применува легална сила тогаш е можно омразата да стане државна политика.

Собранието не е место за омрза, навреди и омаловажувања.

Оттука однесувањето на Ковачки не е само недозволиво однесување на еден пратеник туку сериозен политички проблем што неговата партија треба да го решава.

Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ

МакедонијаполитикаСДСМ