Шмекерски гест на Гвардиола! Го прогласија за најдобар тренер на Премиер лигата, па сите ги изненади: „Сакам оваа награда да ја поделам со Артета“

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата оваа сезона.

Искусниот стручњак постигна голем успех со својот клуб, бидејќи Манчестер Сити е единствениот клуб кој четири пати по ред ја освојувал Премиер лигата.

Сепак, Гвардиола сака да ја „обели“ оваа награда со Микел Артета, кој одлично се снајде и со Арсенал.

,,Сакам да ја споделам оваа награда со Микел Артета, кој до последниот натпревар одлично се снајде со Арсенал. Тој нè натера да ги тестираме нашите граници. Се разбира, тука е и Јирген Клоп со кој имав многу битки за паметење. Унаи Емери направи одличнa работата со Астон Вила исто така.