Шокантната исповед на поранешната ѕвезда на Тотенхем: “Нешто не беше во ред со мене, очите ми беа поинакви…“

Играчот со најмногу настапи во историјата на белгиската репрезентација, Јан Вертонген, како гостин во подкастот „Mid Mid“ се отвори за шокантните моменти низ кои поминал во неговата кариера и за кои јавноста до сега не беше запознаена.

Кобниот момент за Белгиецот се случи на 30. април 2019 година, кога Тотенхем играше против неговиот поранешен клуб Ајакс во полуфиналето на Лигата на шампионите. Во судир со соиграчот Тоби Алдервирелд и противничкиот голман Андре ОнанЈан Вертонген доживеа потрес на мозокот. Иако најпрвин беше вратен на теренот, по 39 минути игра зашеметен го напушти теренот.

Добро се сеќавам дека пред тој натпревар не се чувствував 100 проценти спремен. За тоа време се случија многу работи. Комбинацијата од тој огромен удар и лошото чувство значеше дека ќе страдам уште девет месеци. Бев толку растреперен со нозете на реваншот една недела подоцна“, открива Јан Вертонген.

Јан Вертонген

Иако Тотенхем на крајот стигна до финалето на Лигата на шампионите, Јан Вертонген го нарече целиот процес како – „чист опстанок“.

Целото финале го одбројував до 90. минута. На враќање кон хотелот заспав во автобусот за играчите. Се чувствував навистина лошо во тој период. Сум бил кај речиси секој специјалист, но не најдов никакво објаснување. Не можев да одам во ресторанот. Пробав еднаш и морав да заминам по десет минути. Не можев да трпам гужви, ќе заспивав каде било. Чувствував дека има нешто повеќе во тоа и продолжив да зборувам за тоа. Сега сум убеден дека тоа беше ментално-психолошки проблем. Сега кога гледам фотографии од тоа време, веднаш гледам дека нешто не е во ред. Моите очи изгледаа поинаку. Исто така, често се чувствував депресивно“, објасни актуелниот играч на Андерлехт со какви проблеми се соочувал во тој период.

И покрај се, Јан Вертонген продолжи да игра фудбал. Испитувањата покажале дека тој нема физички проблеми. Вистинските проблеми биле во неговата глава, што се одрази и на неговите настапи на теренот.

Таа година одиграв многу лоши натпревари. Норвич и Челзи на гости, тоа се натпреварите на кои многу добро се сеќавам. Ќе го видам Жозе Мурињо, тогашниот тренер на Тотенхем, кој на полувремето ќе ме погледне со ‘стај-ин’ поглед, а јас сакав да бидам заменет. Сè беше многу чудно. Тогаш не сфатив дека може да имам психички проблем“, продолжил Белгиецот и истакнал дека увид во својот проблем добил дури откако разговарал со психолог.

Јан Вертонген

Тогаш се уверив дека се случува нешто повеќе од тој удар. Но, сè уште немам поим што. Дали тоа беше притисок ? Инаку, уште се плашам дека ќе се врати. Одредени неуспеси во животот многу лесно ми влијаат психички. Тоа се случи во тој период и продолжи да се случува за време на мојот престој во Бенфика“, вели Јан Вертонген.

Сепак, работите неочекувано се подобрија за Јан Вертонген за време на пандемијата со вирусот Ковид-19. Во период кога повеќето луѓе почнаа да страдаат од депресија, Белгиецот успеа да го најде својот мир и да се опорави.

Тоа беше мојот спас. Таму работите се свртеа. Веќе две години се чувствувам одлично, но оттогаш сум на мир. Сега најмногу го работам тоа што го сакам. Тоа е луксуз што го имам, но во исто време сум свесен што можат да значат ваквите проблеми за луѓето“, заклучи Јан Вертонген.

депресијаживотЈан Вертонгенкариераповредафудбал