Шокантна изјава на тренерот на ПСЖ: „Без Мбапе сме подобри и во напад и во одбрана“

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике зборуваше пофални за своите играчи, но ја допре и поранешната ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, кој по вистинска сага и драма се пресели во Реал Мадрид.

Енрике смета дека со неговото заминување парижаните не изгубиле ништо, напротив.

– Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме подобри во напад и одбрана. Постојано го кажувам тоа и бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаа Килијан, но тимот реагира позитивно. Сакав повеќе играчи да постигнуваат голови. Зрелоста е многу важна работа“, изјави Енрике.

Тој го пофали Усман Дмебеле кој има фантастични настапи во Париз.

– Го познавам од Барселона, тој е многу отворен човек. Тој игра спектакуларно, статистички гледано – експлодира. Не го ограничуваме, тој мора да биде важен за тимот, да биде играч на одлука. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да го направи тоа – заклучи Енрике.

Килијан Мбапе одигра 205 натпревари за ПСЖ во период од седум години и постигна 175 гола.

Во Реал Мадрид игра одлично, а на 20 натпревари за кралевите има постигнато 15 голови.