Поп ѕвездата Јелена Карлеуша го откажа концертот во Подгорица кој беше закажан за 9 мај.
Јелена се огласи на својот Инстаграм, и објасни дека, како што истакнува, тоа морала да го направи од политички причини.
– За жал, принудена сум да го откажам најавеното гостување во Подгорица поради грубо мешање на политиката во мојот настап – започна Јелена, а потоа продолжи:
– Се надевам дека прекрасниот братски народ на Црна Гора нема да дозволи разни политички струи во Црна Гора да напаѓаат пејачи од Србија. Жал ми е што овие денови сите можеме да видиме како мојата земја ја напаѓаат, поддржуваат грабежи на територија и гласаат против мојата земја и мојот народ, а потоа се лутиме кога некој гласно ќе го постави прашањето: „Зошто браќа?“.