Тешка сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат Колашин – Подгорица кај превојот Црквина кога патнички автомобил излетал од коловозот во провалија длабока 30 метри.
На местото на настанот веднаш излегле надлежни екипи, како и пожарникари-спасувачи од Колашин кои ги извлекле патниците.
– Според неофицијални информации, во автомобилот имало четиричлено семејство од Словачка. Жената возела и изгубила контрола . За среќа никој од нив не е повреден, човекот кој се наоѓал на совозачкото седиште има само мала расекотина на раката. Двете деца кои седеле позади и жената се неповредени – изјавил за РИНУ еден од очевидците.
Со понатамошна истрага ќе се утврдат сите околности кои довеле до оваа сообраќајна несреќа.