ГЛЕДАТЕЛ на австралискиот канал 9News, Алекс Гудман, забележа интересен детал кој го сподели на својот профил, а видеото набрзо стана вирално.
Имено, додека водителката известувала за деталите од потрагата по исчезнато лице во Австралија, камерата го фатила колегата како зад неа во студио го гледа анимираниот филм Шрек.
Необичната сцена е дотолку побизарна поради тоа што водителката во тој момент известувала за исчезнатата жена, не знаејќи што се случува зад неа.
Видеото набрзо собра повеќе од 1,4 милиони прегледи и речиси 320 илјади лајкови, а тиктокерите не престануваат да ја коментираат необичната сцена.
„Некој ќе добие отказ“
„Мислевме дека нема да забележиме, но забележавме“, напиша еден тиктокер, додека друг додаде: „На некој му беше досадно на работа“. Третиот напишал: „Човек го живее својот сон“, додека четвртиот признал: „Вака би работел“.
“Некој ќе добие отказ“, напишаа тиктокерите, убедени дека новинарката сигурно ќе биде во неволја поради виралното видео.