Неверојатна видео-снимка го покажува моментот кога руски војник е погоден во глава од снајперски куршум – и преживува!
Војник од паравоената приватна група Вагнер бил погоден со куршум додека стоел во место, по што ноншалантно и опуштено ги известил колегите дека преживеал и дека се е во ред со него.
Додека неговите колеги војници се криеле зад уништениот ѕид, овој војник излегол предалеку од скривалиштето и снајперистот успеал да го нападне и погоди.
Куршумот ја погодил Go-Pro камерата на неговиот шлем, оставајќи го привремено замаен и збунет – но жив.
Куршумот ја исфрли камерата од шлемот на војникот, но доколку куршумот погодил само неколку сантиметри пониско, војникот веќе ќе бил мртов.
На видео-снимката се слуша како еден војник вели: „Каков среќен човек!“, додека друг предупредува: „Застанете назад, застанете назад!“.
Потоа тие го прашуваат погодениот војник, очигледно во неверување и самите: „Дали си жив ?“, на што тој одговара: „Да, жив сум!“
Потоа на видео-снимката се слуша глас кој предупредува дека единицата е во домет на украински снајперисти. Видеото го снимил дописникот на РИА Новости кој ги следел руските окупатори за време на нивните маневри во Украина.
Инаку, битката за Бахмут, каде е снимено ова видео, по осум месеци борба повторно се вжештува.
„Русија повторно ги засили нападите врз Бахмут“, соопшти во својот редовен дневен извештај Министерството за одбрана на Велика Британија.