Неповторливиот Аргентинец Лионел Меси за кратко време ги освои срцата на Американците со своите чудесни настапи, навивачите се целосно приврзани за Аргентинецот и го следат секој негов чекор.
Затоа фудбалскиот клуб Интер Мајами ангажираше човек кој има посебна задача – да ја чува најголемата ѕвезда во МЛС лигата.
Овој безмилосен телохранител не се одвојува од Аргентинецот и нема милост за навивачите кои сакаат да се доближат до својот идол.
Тоа најдобро го почувствува еден фан на Меси кој истрча на теренот за да му пријде на славниот Аргентинец на натпреварот против ЛА.
Навивачот влегол на теренот, им побегнал на редарите и се упатил кон Меси, но во последен момент бил грабнат од личниот телохранител на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Фанот го носеше дресот на Барселона на Меси и беше јасно дека нема намера да му наштети на Аргентинецот, но телохранителот на Лео не остави ништо на случајноста.
Тој безмилосно го зграпчи несреќниот навивач и на сите им стави до знаење да не планираат повторно да направат нешто слично.