ШОКАНТНА СЦЕНА: Најдобриот играч на Панатинаикос ОСТАНА БЕЗ ТРИ ЗАБИ во игра! (ФОТО)

Кошаркарите на Панатинаикос ја освоија титулата шампион на Грција, откако по нереален пресврт го совладаа Олимпијакос со 3:2 во серија.

По 0:2 забележаа три победи против лутиот ривал и го освоија трофејот.

Во возбудлив мајсторски меч одигран во Пиреја, ПАО победи со резултат 87:82.

Најдобриот играч на „зелените“ Кендрик Нан доживеа неверојатен пех на крајот од натпреварот.

Во борбата за топката, на четири и пол минути пред крајот на натпреварот, Нан се судри со соиграч и загуби ТРИ ЗАБИ.

Неговата насмевка потоа предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.