Необична појава го привлече вниманието на минувачите за време на невреме на познатата плажа Коловаре во Задар.
Се чинеше како морето да зоврило, а потоа да ја сменило бојата.
Жената која го испрати видеото од необичниот настан во Задар до хрватските медиуми напиша дека по секој силен дожд морето се вознемирува, ја менува бојата, а пливањето не е баш најпаметното решение бидејќи сето тоа доаѓа од канализациските цевки.
– Не сум сигурна дали се работи за намерно испуштање измет кога нема капачи во морето, па лошото време се користи за неправилна цел или е само дождовница – рекла жената.
Не е прв пат вакво нешто да се случува на познатата задарска плажа , а хрватските медиуми наведуваат дека секој пат одговорот на властите бил дека дождовница се слева по окните, а потоа во канализационата цевка и во морето.
– Не се сомневаме дека и сега би го добиле истиот одговор. Затоа единствено решение е да не се капете кога врне или веднаш по него – наведува порталот Морски.