ШОКАНТНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД РОДОС СЕ ДОКАЗ ДЕКА ХУМАНОСТ СЕ УШТЕ ПОСТОИ: Секоја чест за овие луѓе

На фотографиите можете да видите исечени лубеници, моркови и кофи полни со вода

Драматичните сцени од грчките острови Родос , Крф и Евија, како и некои други области во оваа земја, не престануваат со денови поради пожарите кои беснеат веќе 10 дена. Борејќи се со огнената стихија, на социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат дека хуманите луѓе и во овие тешки времиња не заборавиле на животните .

На Фејсбук страницата „Времето на Грција“ неодамна беа објавени ветувачки фотографии, на кои јасно се гледа дека луѓето во сета неволја во која се нашле поради пожарот, своето внимание го насочиле и кон животните – ставајќи ги на безбедно места со храна и вода за гладните и жедните елени.

На фотографиите се прикажани исечени лубеници, моркови и кофи полни со вода поставени покрај сега веќе безбедниот пат, кои се таму за да им помогнат на жедните и исплашени животни во ситуацијата во која се наоѓаат.

„Има надеж за нас“

Фотографиите брзо се проширија на интернет, а глетката воодушеви, но и расплака многумина.

„Сè уште има надеж за нас“, „Ти благодарам за ова“, „Мило ми е што не заборави и на животните“, „Хуманост на работа“, „Браво за сите“, „Господе, се крши моето срце да размислува низ што минуваат невините животни“, беа само дел од коментарите под фотографиите.

Да потсетиме, пожарите во Грција беснеат веќе 10-ти ден , а најкритичен е на Родос. Поради ваквата состојба во Грција е издадено предупредување за екстремно високи температури и пожари, но и за невремето кое се подготвува во оваа земја. И неодамнешното спасување на срна од страна на пожарникарите на Родос покажува дека хуманоста на луѓето е на високо ниво.