Шокантни вести! Министрите од ДУИ поднесоа оставки: ВМРО ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, јасно стави дознаење дека ВМРО ДМПНЕ и нејзините пратеници нема да ги поддржат уставните измени.

Имено, невозможно е уставните измени да се изгладаат доколку истите не добијат поддршка од ВМРО ДПМНЕ односно најмалку 8 нивни пратеници.

Владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ силно го поддржува овој процес кој, како што тие наведуваат, ќе и’ отвори на Македонија европскиот пат.

Попладнево низ македонските медиуми се појави вестта дека сите министри од ДУИ до Претседателот на Владата на РСМ испратиле писмо во кое го известуваат за своите оставки.

Во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и гласа за уставните измени, пишува Информа.

„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!”, се наведува во писмото.

Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.

Во текот на денешниот ден се очекува разврска во врска со овој случај и како ќе тече цел процес.