На интимната церемонија од погребот на актерот Метју Пери во петокот, се собраа членовите на неговото семејство, пријателите и колегите од култната серија „Пријатели“ каде што Пери имаше една од главните улоги.
Таткото на Пери, Џон Бенет Пери, мајката Сузан Мери Морисон и очувот Кит Морисон се простија од Пери на интимниот собир во црквата Форест Лон во Лос Анџелес. На погребот присуствуваа и Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс и Дејвид Швимер.
Според Дејли Мејл, гробиштата каде што ќе биде погребан Пери се наоѓаат спроти студиото на Ворнер Брос, каде што се снимаше серијата „Пријатели“ цели 10 сезони и е вечен дом на неколку холивудски ѕвезди – меѓу нив Кери Фишер, Бет Дејвис, Мајкл Хачинсон и Ен Хеч.
Неговите колеги од „Пријатели“ не беа видени на погребот, иако телохранителите на Џенифер Анистон беа видени како возат од нејзиниот дом во Лос Анџелес до местото на погребот.
Во понеделникот, Анистон и остатокот од актерската екипа – Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Лиза Курдоу – објавија изјава во која ја опишуваат нивната болка и тага.
– Сите сме потресении од загубата на Метју. Бевме повеќе од колеги. Ние сме семејство. Има толку многу да се каже, но сега сите тагуваме. Ни треба време да ја сфатиме оваа неразбирлива загуба.Ќе кажеме повеќе со тек на време, кога ќе можеме. Засега, нашите мисли и љубов се со семејството на Мети, неговите пријатели и сите што го сакаа ширум светот“, се вели во заедничката изјава на актерската екипа во понеделникот.
Да потсетиме, Метју Пери (54) пред 6 дена беше пронајден мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес.