ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА НА МОНСТРУМОТ ОД МЛАДЕНОВАЦ! Масовниот убиец го открил својот мотив: “Од мал гледам неправда, ме исмеваа. Јас сум православен, Србин…“

Урош Блажиќ (20 г.), одговорен за крвавата гозба во селата кај Младеновац во близина на Белград, Србија, во која уби осум лица и рани 15, откри кој бил неговиот мотив за ова монструозно злосторство. 

Како што пишуваат соседните медиуми, тој се обидел да го оправда масакрот што го направил тврдејќи дека трпел насилство уште во основно училиште, како и дека селаните „го исмевале и му правеле заговори против него“.

Понатаму, српските медиуми наведуваат дека Урош Блажиќ раскажал детали од својот живот и со тоа открил потенцијален „мотив“ за ова невидено злосторство.

Според неофицијални информации, Урош Блажиќ почнал редовно да пука во 2021 година, кога на таванот од неговата куќа нашол калашников и пиштол. Повремено тој одел на стрелиште, каде што пукал под надзор на вработениот персонал. Но, тоа не е се – Урош Блажиќ вежбал пукање и во подрумот од својата куќа.

Како што наводно кажал, тој редовно со пиштол пукал во вреќа со песок во подрумот од неговата куќа. Неговиот татко Радиша Блажиќ е потполковник во Армијата на Србија, а претходниот ден и тој беше уапсен од српските власти. При претрес на објектот што го користел осомничениот Радиша Блажиќ, пронајдени се стотина куршуми од различен калибар, чаури од муниција, еден пиштол и еден револвер. Тој се товари за недозволено поседување оружје и пуштање експлозивни материи во промет.

Мештаните шокирани од трагедијата се обиделе да разберат зошто Урош Блажиќ ги нападнал соседите со оглед на тоа што не бил близок со никого.

Од друга страна, тој во сведочењето тврди дека мештаните го исмејувале.

Чувствував потсмев и омалоуважување. Мештаните направија заговор против мене“, наводно рекол Урош Блажиќ.

Тој раскажал и како селаните наводно лошо зборувале за неговиот татко, вклучително и дека тој е „криминалец“. Тој за време на неговото сведочење, според информациите од соседните медиуми, често се навраќал на своето растење и основното училиште.

Од мали нозе гледам неправда и тага, неправда на општеството што се одразува на мене. Немам идол, јас сум православен, Србин, христијанин, не пушам, не пијам алкохол…“, рекол Урош Блажиќ, момчето кое уби осум лица, а рани 15.

За време на неговото сведочење, во кое се обидел да го оправда монструозното злосторство, споменал и како се дружел со јавни личности. Тој раскажал како бил близок со некои учесници во српските ријалити шоуа – Никола ЃорѓевиќФилип Каро, како и со старлетата Дениз Даме, а тоа го кажал дури и како причина за љубомората што другите ја чуствувале кон него.

Урош Блажиќ бил сослушан во јавното обвинителство во Смедерево и му е одредена мерка притвор до 30 дена. Во таа прилика тој кажал како сакал да го „исплаши селото“.

Призна дека го извршил масакрот наведувајќи дека со автоматска пушка и пиштол пукал во неколку лица кои биле во групата, а кои не ги познавал на три локации во месноста Смедерево и Младеновац, за да исплаши го населението од споменатите населени места“, изјавил претходно извор упатен со случајот за српскиот весник Blic.rs.

Да потсетиме, вечерта на 4. мај, само еден ден по големата трагедија и масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“, Урош Блажиќ го започна својот крвав поход. Прво отишол во селото Мало Орашје, каде убил пет лица, а потоа со автомобил се упатил кон селото Дубона, каде убил уште тројца.

На пат меѓу овие две села ранил и мажи кои си ја работеле својата домашна работа, а кои случајно му се нашле на патот.

Откако го завршил масакрот, се упатил кон селото Шепшин, неколку километри северозападно од Дубона, каде му се губи секаква трага. По претресот кој траел цела ноќ, тој бил уапсен следниот ден околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац. Таму пристигнал со такси, и како што се пишуваат соседните медиуми, го киднапирал возачот, и со закани го принудил да го вози.

масакарМладеновацсмртСрбијаубиствоУрош Б.