Инстаграмот на Јелена Карлеуша беше затворен пред неколку дена по што настана вистински хаос и драма, а сега пејачката се врати на споменатата платформа.
Карлеуша непосредно пред Велигден исчезна од Инстаграм , па немавме можност да ги видиме нејзините традиционални празнични фотографии.
Сакајќи да го надополни пропуштеното, Јелена објави фотографии од велигденската фотосесија.
Карлеуша во еден момент може да се види како лежи врз лице облечено во костим за зајак, додека раката на зајакот е во положбата на нејзиниот грб.
Фотографиите привлекоа огромно внимание, а пејачката како и секогаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.