Холивудската легенда Брус Вилис е снимен како ужива во лежерно возење и кафе со пријател, како што ретко го гледаме откако му беше дијагностицирана тешка болест.
Иако медиумите често се интересираат за неговата здравствена состојба , овојпат вниманието беше насочено кон неговата веселост и уживање во секојдневните работи.
За време на нивното време заедно, Вилис и неговиот пријател споделуваа смеа и добри вибрации, што е само уште еден показател дека и покрај предизвиците низ кои поминува, актерот зрачи со позитивност и ентузијазам за животот.
Да потсетиме, во пролетта 2022 година, Брус Вилис објави дека става крај на својата актерска кариера поради деменција. Во септември истата година, стана очигледно дека ѕвездата од „Умри машки“ повеќе не може да функционира без туѓа помош, дури и во секојдневните активности. Неговата сопруга Ема Хеминг му помага да помине низ куќата и да се спушти по скалите, додека дежурниот медицински работник го вози до автомобилот и го носи на лекар.