Беибут Шуменов, поранешен светски шампион во бокс, се најде во центарот на скандал, откако во трговски центар претепал маж кој држел малолетно дете во раце.
Инцидентот се случил во трговски центар во Астана, а тепачката ја предизвикале деца кои се расправале на игралиштето.
Познатиот боксер збеснал бидејќи момчето кое го држела жртвата на нападот го удрило неговиот син неколку пати на игралиштето, па решил да се пожали на својот татко.
Дошло до жестока расправија, по што следувала физичка пресметка.
На боксерот не му пречело тоа што мажот во рацете држел мало дете.
Постапката е покрената поради хулиганство. Има елементи на полесен криминал, а видеото ќе покаже се. Шуменов не бил во алкохолизирана состојба“, изјави заменик министерот за внатрешни работи на Казахстан Каират Сунтаев.
По срамниот инцидент се огласи и Шуменов кој ја претстави својата страна на приказната.
„Ме фати одзади, не ме пушти, се бранеше држејќи го детето во раце. Кој татко го прави тоа? Ако моето семејство беше во опасност, ќе го сокриев зад мене. Се обидов да го прекинам конфликтот , но го искористи детето и го нападна „Се обиде да ме избоде од зад грб. На видеото можете да видите се. Кога го видов ножот изгубив нерви, па се обидов да го разоружам“, изјавил боксерот, пренесува порталот „Tengrinews“.
Шуменов откри што го предизвикало конфликтот.
„Мојот осумгодишен син тој ден играше на игралиштето, а друго момче без причина го удираше по грбот. Мојот син не разбираше зошто го прави тоа, се оддалечи од него и продолжи да игра. По неколку минути тоа момче се врати и повторно го нападна. Син ми побегна, а потоа дојде тој човек и го однесе детето. Мојот син не е навикнат на такво однесување и тоа му беше стресно“, вели боксерот од Казахстан.
Кога ги видел гребаниците и црвенилото на телото на своето дете, решил да се обрати кај таткото на малото момче.
Му пријдов на тој човек да го прашам дали е татко на тоа дете и го прашав дали син му го удрил моето дете, а тој агресивно одговорил дека да, и ме праша што сакам“, открива Шуменов.