Како момчето-убиец прецизно го подготвувал злосторството и манипулирал со безбедносните камери.
Според изворот, било утврдено дека момчето-убиец два дена пред да упадне во училиштето и да отвори оган, ја исклучил безбедносната камера во делот од просторијата каде што се наоѓал плакарот. Во тој плакар бил куферот на татко му, кој бил заклучен со шифра. Во куферот имало пиштоли и муниција, а момчето убиец ја знаело шифрата бидејќи семејството често го користела тој куфер кога патувал.
Изворот, исто така, открива дека момчето , инспирирано од криминалните серии како „Криминални умови“ , користел слична тактика за да си ги избрише трагите исклучувајќи ја внатрешната камера во куќата. Свесен дека српските форензичари ќе ги прегледаат сите видео снимки, вклучително и оние од станот, знаел дека може да го видат како ги зема пиштолите. Изворот наведува дека е неверојатно 13-годишно момче толку прецизно да го подготвило ова убиство.
Кога момчето убиец бил уапсен, истражителите биле изненадени. Ниту најискусните инспектори на МВР не можеа да поверуваат кој е пред нив.
Извештаите од училиштето покажаа дека тој е натпросечно интелигентно момче кое е заинтересирано за спорт, но исто така е вешто и за работа со информатичка технологија . Сега е јасно дека тој бил способен да управува со безбедносната опрема и да ги вклучува или исклучува камерите по потреба.