Шокантно откритие од археолози: Пронајдена мистериозна гробница со останки од новороденче

Гробница во која се наоѓаат останките од новороденче, како и фрагменти од мозаици и делови од темелите на ѕидовите на зградата, е откриена за време на првата рунда ископувања во Археолошкиот парк Амитернум, промовирани од Националниот музеј на Абруцо во Л’Аквила, објавија денес археолозите.

Амитернум бил древен сабински, а потоа римски град, подоцна епископија и латинско-католичко титуларно седиште, во централниот италијански регион Абруцо, девет километри од Л’Аквила, пренесува Анса.

Амитернум, кој Рим го поразил во 293 година п.н.е., бил родно место на историчарот Салуст (86 година п.н.е.).

Археолошките истражувања, спроведени благодарение на грант од Генералната дирекција на музеи при Министерството за култура, се фокусираа на амфитеатарот на античкиот римски град и таканаречениот „перистилски домус“, со цел подобро разбирање на историјата и функцијата на два важни, но сè уште недоволно познати споменици.

Беа спроведени две стратиграфски пробни ископувања, покрај документирањето и евидентирањето, миењето, етикетирањето и прелиминарното каталогизирање на наодите.

Во домусот со перистил се идентификувани три простории, од кои две имаат мозаични подови.

Зградата е организирана околу голем правоаголен двор и има простории со различни големини, украсени со мозаици и разнобоен малтер.

Темелите на обете згради се откриени во просторот помеѓу амфитеатарот, градба од втората половина на 1 век од н.е., и домусот.

Во таа област е откриен и гроб на новороденче.