Инспекторите од Канада отишле до бродот „Polar Prince“ за да пронајдат информации кои би можеле да бидат корисни во истрагата за исчезнувањето на подморницата „Титан“, која со екипаж од пет лица се упатила кон потонатиот брод „Титаник“, пишуваат тамошните медиуми.
Ќе се истражуваат гласови и снимки од разговори, односно аудио снимки кои биле зачувани на бродот „Polar Prince“ од кој подморницата „Титан“ се упатила кон потонатиот брод „Титаник“.
Членовите на екипажот на подморницата, како и членовите на семејствата на жртвите, биле испрашани и за „Polar Prince“, кој се вратил во пристаништето Сент Џонс, главниот град на Њуфаундленд и Лабрадор, а знамињата на бродот биле спуштени на половина копје.
Кејти Фокс, претседателка на Одборот за безбедност на транспортот на Канада, вели дека целта на истрагата не е да се впери прстот кон некого и да се препише вината, туку да се открие што се случило и зошто се случило и што треба да се промени.
Неколку дена по исчезнувањето на социјалните мрежи се појави видео од подморницата „Титан“. Видеото го објави Аби Џексон (22 г.) која била на бродот „Polar Prince“.
Да потсетиме, меѓу жртвите се директорот на компанијата OceanGate, Стоктон Раш (61 г.), британскиот милијардер Хамиш Хардинг (58 г.), британскиот бизнисмен со пакистанско потекло Шахзада Давуд (48 г.) и неговиот студент син Сулејман Давуд (19 г.) и последната жртва е поранешниот нуркач на француската армија и чувар Пол Анри Наргол (77 г.).