ШОК ВО ГЕРМАНИЈА – ПОРАНЕШНИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН БАНКРОТИРА: ПРАВО од Бундеслигата се испратени во четвртиот ранг, колапс на великанот!


Хамбург некогаш владееше со Европа, а сега се соочува со банкрот.

Во Хамбург на маките им нема крај! Откако ХСВ падна на дното во фудбалот и испадна во втора лига, сега на ХСВ му се заканува пад во четвртата лига во ракомет! Победникот на Бундеслигата од 2011 година и победникот на Лигата на шампионите од 2013 година сега е пред затворање! 

Тимот кој сезонава во Бундеслигата е на пат да заврши на средината на табелата бидејќи моментално е деветти на табелата, остана без лиценца за следната година. Иако претходно имаше проблеми во ХСВ и јавно се зборуваше дека може да останат без лиценца за настап во елитата за сезоната 2024/25, сите мислеа дека тоа ќе се реши. Но, сега комисијата за лиценцирање посочи дека сите рокови се истечени. 

„ХСВ Хамбург не достави доказ за економски успех, со што ќе добиеше право на натпреварувачка лиценца во сезоната 2024/25 “, се вели во соопштението. Според „Билд“, клубот останал „кус“ за четири милиони евра и е прогласен за несолвентен. 

Се разбира, извршниот директор на HSV, Себастијан Фреке, смета дека ова е погрешна одлука. „Секако ги исполнивме сите барања! Во последните неколку дена, приспособивме некои договори и редефиниравме плаќања за да го премостиме јазот во несолвентноста. За жал, спротивно на нашите силни очекувања, добивме негативни повратни информации од Комисијата за лиценцирање. Сега ни преостанува да преземеме правни дејствија Почнавме жалбена постапка“, рече тој. 

ХСВ моментално го има Зоран Илиќ, Србин кој настапува за унгарската репрезентација , а најголема ѕвезда е централниот бек Дани Бајенс. Извршниот одбор на Германскиот ракометен сојуз во понеделник ќе одлучува за овој случај, а сите во клубот стравуваат од повторување на 2016 година кога клубот прогласи банкрот и испадна во четвртиот ранг.