92-годишна жена направила неверојатен подвиг – избегала од дом за стари лица прескокнувајќи ја оградата од 2 метри за 24 секунди.
Старица побегнала од својот дом во кинеската провинција Шандонг. Камерите снимија неверојатна сцена, како и тоа дека старицата ја прескокнала многу високата ограда за само 24 секунди.
Видеото на кое се гледа како старица прескокнува ограда стана вирално и има повеќе од 1,2 милиони прегледи.
Локалните медиуми се прашуваа зошто старицата дошла на идеја да побегне од дома и како завршила приказната.
Директорот на домот за стари лица изјавил дека старицата боледува од Алцхајмерова болест.
Тој додаде дека и покрај лошата здравствена состојба, пргавата дама е во одлична физичка кондиција и е многу пргава. Тој кажа и дека откако забележале дека побегнала ја известиле полицијата.
Во претресот учествувале 4 возила. а по 25 минути старицата била пронајдена во близина на домот за стари лица.