Долгогодишниот водител на CNN Џим Акоста го најави своето заминување од мрежата во вторник наутро во емотивно обраќање на телевизија во живо.
Во своето збогување, тој им порача на гледачите да не се предаваат на лаги – очигледно упатување на администрацијата на Трамп.
Акоста, поранешен дописник на Си-Ен-Ен од Белата куќа, кој често се судри со претседателот Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат, наводно требало да биде преместен од утринскиот термин на многу помалку атрактивно место. Но Акоста не се согласи со тоа.
– Можеби сте слушнале некои вести за мене и за ова шоу. И откако внимателно разгледав сè и го одмерив алтернативниот термин кој ми го понуди Си-Ен-Ен, решив да продолжам понатаму – изјави Акоста на крајот од својата последна емисија.
Утринскиот слот на Акоста ќе продолжи да прикажува „Соба за ситуации со Волф Блицер и Памела Браун“, дел од реорганизацијата на програмата што ја најави шефот на Си-Ен-Ен, Марк Томпсон.
Томпсон, наводно, му понудил на Акоста, кој е во Си-Ен-Ен 18 години, полошо место околу полноќ, но ветеранот на Си-Ен-Ен одбил.
Акоста наскоро ќе објави повеќе детали за неговите идни планови.
– Отсекогаш сум верувал дека работата на медиумите е да ја повикаат владата на одговорност. Отсекогаш сум се обидувал да го направам тоа овде во Си-Ен-Ен“, рече меѓу другото Акоста во својата проштална порака.
– Сето тоа планирам да го направам во иднина. Уште една порака – не наседнувајте на лаги. Не се предавајте на стравот. Држете се до вистината. И држете се до надежта, дури и ако треба да го извадите телефонот и да ја снимите таа порака: нема да се предадам на лаги. Нема да се предадам на стравот.
Објавете го на вашите социјални мрежи за луѓето да можат да го слушнат и вашиот глас. Дотогаш сакам да им се заблагодарам на сите што гледаа. Беше чест да се биде гостин во вашите домови сите овие години – изјави на крајот Акоста.