Името на австралискиот тенисер Ник Киргиос веќе го нема на АТП листата, што ги изненади сите љубители на овој спорт, а причината е што споменатиот играч речиси цела година бил неактивен на терените.
Ник Киргиос на теренот зачекори само еднаш оваа година, во јуни во Штутгарт, кога загуби.
Исто така, последен пат славеше пред повеќе од една година во Јапонија.
Тој ги загуби бодовите од тој турнир, па повеќе нема бодови на своето конто.
Она што е важно да се истакне е дека Ник Киргиос има заштитен пласман на 21. место, што му овозможува да игра на АТП турнири кога ќе одлучи да се врати на теренот.