Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го освои US Open откако во финалето вечерва ја победи Американката Аманда Анисимова со 6:3, 7:6 (7:3).
Мечот траеше еден час и 34 минути. Сабаленка е тенисерка број еден во светот, додека Анисимова е на деветтото место на ВТА листата.
Ова беше десетти дуел помеѓу белоруската и американската тенисерка, и четврти триумф на Сабаленка, која со оваа победа ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД.
Со триумфот во Њујорк, Белорусинката стигна до 21-та титула во кариерата, и четвртиот трофеј од Гренд слем турнирите. Анисимова има освоено три ВТА титули.
Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во машкото финале ќе играат Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер.