Тажна вест доаѓа од таборот на Реал Мадрид. Клубот и официјално потврди дека првиот голман на тимот, Тибо Куртоа, заработил повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено, поради што утринава го напуштил тренингот на Реал Мадрид.
Тибо Куртоа го напуштил тренингот на носилки, а белгискиот репрезентативец не можел да ги задржи солзите кога бил изнесен од теренот. Викендов почнува лигашкиот шампионат, а Реал Мадрид за в сабота има закажан двомеч, противник е Атлетик Билбао на гостински терен.
По докторските прегледи се потврдени стравувањата на мадридските доктори, а сега изгледа дека Белгиецот ќе биде надвор од терените меѓу пет и седум месеци. Реал Мадрид сега мора да одлучи дали ќе го истражува голманскиот пазар или дали ќе му верува на резервниот голман Лунин. Една од опциите на пазарот за која размислува клубот е поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, пренесуваат шпанските медиуми.
Искусниот 31-годишен голман досега немаше сериозни повреди во кариерата. Минатата година одигра 43 натпревари поделени помеѓу Ла Лига, Лигата на шампионите и Купот на Кралот.
Реал Мадрид официјално објави дека на Тибо Куртоа по направените прегледи констатирано е кинење на предните вкрстени лигаменти на левото колено.