Кристијано Роналдо го привлече вниманието на папараците за време на неговиот одмор на југот на Франција додека се релаксираше на својата јахта.
Имено, фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо е фотографиран на својата јахта како пие кафе и ужива на сонцето на Азурниот брег.
Роналдо беше облечен во маслинесто зелени шорцеви за капење, додека на главата имаше капа во сличен тон.
Додека го трошеше времето со своите мисли, вештото око на папараците го “фати” фудбалерот, а вниманието на сите го привлече еден детаљ на неговите нозе.
На Кристијано ноктите му беа излакирани во црно, што не е типично за маж да си ги лакира ноктите.
Познат како метросексуалец кој многу се грижи за својот изглед, неговите нокти и претходно се видени на фотографиите кои ги објави на Инстаграм, па и самиот еднаш откри зошто го прави тоа.
Фудбалерот се бори со габата на ноктите и на тој начин го решава проблемот со специјален лак и си ја опоравува својата плочка на ноктите.