Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за АРД изјави дека Берлин не сака Киев да користи оружје со долг дострел што го снабдува Западот за да ја нападне Русија.
– За нас постои принцип што го споделувам со американскиот претседател – не сакаме оружјето што го доставуваме да се користи за таргетирање на руски територии – рече Шолц.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус претходно ја објави многу резервираната позиција на Берлин во однос на барањето на Киев да ги снабдува вооружените сили на Украина со крстосувачки ракети Таурус.