По повеќе од три децении, Шон Пен одговори на обвинувањата дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Мадона.
Актерот беше во брак со пејачката од 1985 до 1989 година. Во 1987 година имаше наводи дека физички ја малтретирал Мадона , како и дека ја удирал со безбол палка, што таа го негираше.
Во неодамнешното интервју за Њујорк Тајмс, Шон Пен , кој сега има 63 години, беше прашан за тие гласини.
– Специјалната единица на полицијата дојде кај мене дома – рече Пен дека тоа било во моментот кога Мадона на полицајците им рекла дека чуваат оружје во куќата и додала:
– Им реков: „Нема да излезам, ќе го завршам појадокот“. Потоа ги скршиле стаклата од куќата и влегле внатре. Ми ставија лисици и ме одведоа во притвор.
Оскаровецот рече дека знаел дека имало обвинувања за злоупотреба во медиумите и дека една жена му рекла дека „тој ја удрил Мадона во глава со безбол палка“.
– Не знаев за што зборува. Сега, мислам дека е фер да се каже дека не сум најубавото момче на светот. Но, ако го удрим Мајк Тајсон во глава со бејзбол палка, тој оди во болница. „Мадона е некој што го сакам “, рече Пен, додавајќи дека останале во пријателски односи по разводот, ставајќи крај на наводното злоставување.
Во 2015 година, Мадона ги негираше обвинувањата дека Шон ја претепал со палка.
– Иако сигурно имавме повеќе од една жестока расправија за време на бракот, Шон никогаш не ме удри, не ме врза, ниту физички ме нападна. Секое тврдење за спротивното се целосно срамота, злонамерни, непромислени и лажни – изјави тогаш Мадона во нејзината изјава.