Шојгу откри колку војници изгубила Украина од 4 јуни досега
Руските војници методично ги извршуваат поставените задачи во специјалната операција во Украина , изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на безбедносниот форум Ксианшан, што се одржува во Пекинг.
Тој посочи дека руските вооружени сили ќе продолжат методично и самоуверено да ги извршуваат своите задачи и да ја гарантираат безбедноста на цивилите, пренесува РИА Новости.
Шојгу тврди дека од 4 јуни, кога започна контраофанзивата на Украина, повеќе од 90.000 украински војници се убиени или ранети .
Според неговите изјави, Украина од почетокот на контраофанзивата изгубила околу 600 тенкови и речиси 1.900 оклопни возила од различни класи, а не постигнала никаков значаен тактички успех на бојното поле .
Од 29 до 31 октомври во Пекинг се одржува 10. Форум Ксианшан, во организација на Академијата за воени науки на кинеската армија и Кинескиот институт за меѓународни стратешки студии.
На форумот традиционално присуствуваат министри за одбрана, експерти и поранешни воени претставници од различни земји.