Шојгу: „Спречувањето на контраофанзивата на Украина беше главна задача во 2023 година“

 – Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, денес изјави дека одбивањето на контраофанзивата на Украина било главната задача во 2023 година, која била успешно спроведена.

Говорејќи на состанокот во Москва, Шојгу рече дека формирањето ефикасен систем на одбранбени линии, високата борбена способност на сите единици, сигурноста и ефективноста на руската воена опрема ја олесниле задачата за одбивање на контраофанзивата, за која се вели дека започнала во јуни.

„И пред сѐ вештите и решителни постапки на бранителите на татковината, кои несебично ја обезбедуваат безбедноста на земјата и нејзините граѓани“, нагласи тој.

Шојгу рече дека претседателот Владимир Путин ја пофалил работата на военото раководство за спроведување на оваа задача.

Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.