Откако викендов Русија беше сведок на еден вид обид за воен удар, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се појави во јавноста и беше нагласено дека го посетил командното место на армијата што се бори во Украина.
Како што е наведено на веб-страницата на Министерството за одбрана на Руската Федерација, Шојгу ја проверил ситуацијата на командното место на една од формациите на воената група „Запад“.
„Шојгу на командното место го слушаше извештајот на командантот на групата генерал полковник Јевгени Никифоров за актуелната состојба, природата на воените операции и извршувањето на борбените задачи“, се наведува.
Според Министерството, Шојгу рече дека руската армија покажала висока ефикасност во идентификувањето и уништувањето на воената опрема и концентрацијата на персонал во тактичките зони на одговорност на војниците.
Интересно е што Министерството за одбрана, како и самиот министер Шојгу, не соопштуваат ништо за настаните во Руската Федерација за време на викендот. Она што е познато од претходно е дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, е особено незадоволен од работата на министерот за одбрана, кој неколкупати барал разрешување од Путин.
Со оглед на тоа што, барем засега, Вагнер го прекина маршот кон Москва и другите градови, нагласувајќи дека е постигнат договор, многумина истакнуваат дека отпуштањето на Сергеј Шојгу е дел од тој договор.