Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако во четвртфиналето убедливо го совлада Германецот Александар Ѕверев со 6:3, 6:2, 6:4.
На Шпанецот, 150 минути му беа доволни да ја заврши работата против 12-от рангиран на турнирот.
Сепак, еден детаљ од натпреварот остана особено впечатлив.
Имено, Алкараз се обиде да ископира еден од потезите на Новак и во таа прилика испадна многу смешен а видеото стана вирално на социјалните мрежи.
Погледнете за што се работи:
Алкараз за пласман во финалето ќе се бори против рускиот тенисер Данило Медведев, кој беше убедлив против сонародникот Андреј Рубљев.