Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос го прокоментира трансферот на Габри Веига (21) во Саудиска Арабија, а како што напиша, воопшто не се согласува со одлуката на овој млад играч за пари да избере таков пат во кариерата.
Станува збор за играч кој важи за еден од најголемите таленти во Шпанија, а во последните месеци се поврзува со трансфер во Реал Мадрид и Наполи. Сепак, експертот за трансфери Фабрицио Романо најави дека овој играч треба да ја продолжи кариерата во Ал-Ахли.
Како што се наведува, овој тим од Саудиска Арабија на Селта и ги понудил сите барани услови, а преговорите се воделе во строга тајност. Во овој поглед, Крос имаше искрен, но донекаде брутален одговор.
“Срамно“, напиша Крос на Инстаграм и накратко кажа што мисли за тоа што младиот играч и покрај интересот на најголемите европски клубови тргнал по пари.
Да потсетиме, Саудискиот фонд за јавни инвестиции (PIF) одлучи да ги преземе четирите најголеми клубови во оваа земја (Ал-Наср, Ал-Ахли, Ал-Хилал и Ал-Итихад) и со помош на речиси неограничени финансиски средства купија многу од најдобрите играчи од Европа.
Меѓу другите, Ал-Ахли ги доведе Ријад Марез, Алан-Сен Максимин, Едуард Менди, Франк Кеси, Роџер Ибанез и Роберто Фирмино.