Шпанија не памети вакво невреме: Поројниот дожд носи жена заробена на покривот на возило, минувачите беспомошно гледаа (ВИДЕО)

Силното невреме кое ја зафати Сарагоса предизвика големи поплави на улиците носејќи ги и автомобилите.

За нешто помалку од еден час во некои делови од градот наврнале 54 литри на метар квадратен, додека за време на најсилниот дожд за само 10 минути паднале дури 20 литри.

Десетина затрупани возачи вчера мораа да бидат спасувани од пожарникари или дури и нуркачки тимови, откако едвај ја издржаа силата на водата која се искачи до покривот на нивните возила.

Драматична снимка покажува луѓе како се држат за покривот на автомобил додека поројот носи автомобили.

Немаше сообраќајни незгоди со повредени, но во прекин е трамвајскиот и автобускиот сообраќај. Многу возачи останаа заробени во своите возила или се качуваа на дрвја.

Спасувачите ги спасувале затрупаните возачи дури и со јажиња и автоматски скали.

Ветерот дуваше со брзина 92 километри на час.

Акумулацијата на вода на шините принуди да ја прекине циркулацијата на возот меѓу Сарагоса и Барселона на неколку минути.