ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ДУРИ 915 КИЛОГРАМИ КОКАИН – Дрогата припаѓала на моќниот “Балкански Картел“

Шпанската национална полиција во заедничка акција со цариниците во јужното пристаниште Алгесирас запленила речиси еден тон кокаин сокриен во контејнери испратени од Јужна Америка, а дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“, објави полицијата на својата веб-страница.

Балканскиот картел во моментов е најактивен на европско ниво“, се вели во соопштението.

Полицијата тврди дека латиноамериканските групи испраќаат кокаин скриен меѓу легални стоки во контејнери кои пристигнуваат со брод во шпанските пристаништа.

Акцијата започнала по дојава за пристигнување на контејнер со „значително количество кокаин“ во Алгесирас, едно од најголемите пристаништа во Шпанија, во провинцијата Андалузија.

Агентите кои подолго време ги истражувале активностите на „Балканскиот картел“ имале и информации дека и оваа група составена од граѓани од територијата на поранешна Југославија барала начин да го преработи тој кокаин.

Истовремено, од Колумбија добиле предупредување дека брод од Еквадор, кој паузира во Колумбија, има намера да транспортира кокаин до пристаниште во Шпанија.

Агентите го идентификувале бројот на бродот, а кога запловил во Алгесирас, инспекторите ги отвориле контејнерите и пронашле 415 килограми од дрогата.

Врз основа на нови информации дознале дека во Алгесирас пристигнува уште еден контејнер со дрога, па во него пронашле дополнителни 500 килограми кокаин, се наведува во соопштението.

Тешкотијата во истрагата за членовите на овие организации лежи во нивната мобилност. Тие можат да патуваат илјадници километри за да одржат состанок“, извести шпанската полиција и додаде: „Истрагата продолжува со цел да се идентификуваат сите членови на мрежата и да се уапсат“.

Засега не се знае дали некој е уапсен при откривањето на контејнерот со кокаин.

Портпаролката на полицијата не се јавила на телефон во неделата наутро за коментар за медиумите.

БалкандрогакокаинШпанија