Шпанскиот премиер Педро Санчез ги прекина јавните ангажмани за да „паузира и размисли“ дали да остане на функцијата откако судот отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга.
Шпанскиот лидер во изјава рече дека мора итно да одлучи „дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, пишуваат странските медиуми.
Судот рече дека одговара на наводите за корупција против Бегоња Гомез.
Санчез рече дека неговата сопруга ќе ја брани својата чест и ќе работи со судството.
Жалбата против Бегоња Гомез ја поднесоа антикорупционерите Манос Лимпијас (Чисти раце), кои учествуваа во голем број судски случаи од висок профил во последниве години и ги води човек поврзан со екстремната десница.
Шпанскиот премиер рече дека ќе донесе одлука во понеделник на 29 април.