Шпански министер: Ќе одговориме на лажните обвинувања од Израел

Шпанската влада одговори на израелските тврдења дека неодамнешните изјави на премиерот Педро Санчез за конфликтот „даваат поддршка на тероризмот“.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, ги нарече коментарите на израелската влада „целосно лажни и неприфатливи“, јавуваат странските медиуми .

„Министерството за надворешни работи го анализира соодветниот одговор што ќе го дадеме – и ќе има одговор на овие лажни, несоодветни и неприфатливи обвинувања“, рече тој.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека „шпанскиот и белгискиот премиер не го сметаат Хамас целосно одговорен за злосторствата против човештвото што ги извршиле – масакрот на израелските граѓани и употребата на Палестинците како жив штит“.

Министерството за надворешни работи на Израел ги повика амбасадорите на Шпанија и Белгија поради изјавите на Санчез и Де Крос во Египет.

Инаку, се очекува Шпанија да ја признае независноста на палестинската држава и покрај тоа што такво нешто во моментов не е поддржано од Европската унија.