ШПИОНСКИ СКАНДАЛ НА ВЕКОТ ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА – Шок и неверување во Германија откако откриле кои луѓе работат за Русите

Агент на германската тајна служба БНД, среде руската војна против Украина им давал тајни документи на Русите: во средата во Берлин започна судењето на членот на БНД, Карстен Л. обвинет за шпионирање за Русите. Тоа е најголемото судење за шпионажа во последните неколку децении во Германија, пишува Spiegel

На Карстен Л. му се заканува најмалку пет години затвор, но дури и доживотна казна ако се потврди она за што го обвинува федералното обвинителство – особено сериозен случај на предавство, односно оддавање државни тајни.

Нему му се суди заедно со неговиот сообвинет, трговецот со дијаманти Артур Е. Тие биле разоткриени благодарение на соработката на БНД и американското ФБИ. Обвинителството го обвинува Карстен Л. дека двапати од својот компјутер испечатил или фотографирал тајни документи на БНД и му ги предал на Артур Е., кој ги дал на ФСБ во Москва, објавија германските медиуми.

Обвинението се однесува на девет документи. И на двајцата им се суди, зад затворени врати. Тие се во притвор речиси една година. Карстен Л. бил уапсен во декември 2022 година, а Артур Е. еден месец подоцна, кога од САД пристигнал на аеродромот во Минхен. Во септември бил поднесен обвинителен акт. Артур Е. сведочеше неколку пати и е најважниот сведок на обвинителството, открива Spiegel.

Вработен во Одделот за техничко разузнавање на БНД, кој ги следи телефонските, сателитските и интернет комуникациите во странство, Карстен Л. имал многу информации на располагање. ФСБ му дале на претприемачот Артур Е. список со информации што би сакале да ги добијат, меѓу другото и за германскиот систем за воздушна одбрана. Според Spiegel, сето ова се случило во есента 2022 година. Според обвинението, членот на БНД, Карстен Л., од Русија добил 450.000 евра, а посредникот Артур Е. најмалку 400.000 евра.

Колкава штета и нанесе на Германија и на БНД ќе биде клучното прашање во судскиот процес: Обвинителите не открија на што се однесуваат документите предадени на Русите, но весникот Spiegel објави дека тие биле поврзани со следење на руските платеници од страна на БНД односно следење на групата Вагнер во УкраинаБНД го хакирале каналот на Вагнер на руската апликација за пораки Kod.

Протекувањето на тајни информации го направило бескорисно следењето на Вагнер: комуникацијата за разговор пресуши, оставајќи ги Германија и нејзините сојузници без клучни информации за руските воени операции во Украина, пишува SpiegelБНД пред нешто повеќе од една година откри шпион во своите редови. Минатата година, неколку дена пред Божиќ, главниот обвинител во Карлсруе објави изјава под наслов: „Апсење поради сомнение за предавство“.

Веста предизвика голема загриженост со оглед на војната во Украина. Во јануари годинава беше уапсен соучесникот на агентот Артур Е. Германското обвинителство соопшти дека истрагата ја воделе во тесна соработка со БНД и со поддршка на ФБИ.

Според деталите, Карстен Л. наводно печател тајни документи на својот компјутер во седиштето на БНД во Берлин и во Пулах во септември и октомври 2022 година или ги фотографирал од компјутерскиот екран. Потоа, Артур Е. ги однел дигиталните копии од документите во Москва и ги проследил до руската тајна служба. Тие средби наводно биле организирани од трето лице, неименуван руски бизнисмен. Наводно, Русин резервирал и платил за летовите на Артур Е. до Москва.

За време на состанокот во Москва во септември 2022 година, вработен во ФСБ му дал на Артур Е. листа на прашања кои биле од особен интерес за тајната служба. За да одговори на нив, Карстен Л. повторно користел информации од БНД“, се вели во обвинението.

БНДВагнервојнаГерманијаРусијатајна службатајни документиУкраинаФБИФСБ