Дали брзата храна еднаш неделно е штетна за нашето здравје ?
Еден од клучните елементи на здрав и долг живот е разновидна, здрава и урамнотежена исхрана, богата со сите потребни состојки, минерали и витамини. Тоа значи дека вашата чинија треба да биде полна со свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, житарки и свежо месо, риба и млечни производи. Меѓутоа, што се случува со вашето здравје ако се почестите со брза храна, само еднаш неделно ?
Експертите велат дека не се важни само состојките во храната, туку и начинот на кој се подготвуваат. Познато е дека високо преработената храна која се наоѓа во рестораните за брза храна содржи вишок натриум, шеќер, заситени масти и адитиви, а сето тоа може да му наштети на вашето здравје со текот на времето.
Всушност, Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) забележуваат дека прекумерната потрошувачка на брза храна е поврзана со дебелината, висок крвен притисок, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и други сериозни здравствени ризици. И покрај ова, секој трет човек јаде брза храна секој ден, според истражувањето спроведено од здравствените власти.
Секако, јадењето брза храна еднаш неделно носи помалку ризици, но тоа не значи дека нема никакви последици по телото и здравјето.