Што вели КРВНАТА ГРУПА за вашите склоности и особини – НАУКАТА ОТКРИВА

Четирите крвни групи – А, Б, АБ и 0 можат да кажат многу за поединецот – кој тип на храна и пијалок најмногу ви одговара, но и на кои болести сте повеќе изложени.

Неодамнешните студии открија нов карактер и научни куриозитети кои се типични за луѓето со одредена крвна група.

1. Крвна група 0

Луѓето со крвна група 0 имаат двојно поголема веројатност да привлечат одредени видови на комарци отколку луѓето со други крвни групи, покажа студијата на Јапонскиот Институт за технологија за контрола на штетници.

Освен тоа, овие луѓе потешко поднесуваат стрес, бидејќи хормонот кортизол подолго им останува во телото, а тоа може да доведе до предвремено стареење и ненадејни напади на желбата за брза храна. Луѓето со крвна група 0 се топли, дружељубиви и отворени.

2. Крвна група А

Списанието Neuropsychobiology објави дека луѓето со крвна група А имаат поголема склоност кон опсесивно-компулсивни нарушувања.

Иако врската помеѓу таквото однесување и крвната група не е јасна, јапонските истражувачи докажаа дека крвната група А е најупорна, односно дека се подготвени да направат се што е потребно, без разлика на личната фрустрација или замор од одреден проблем. Се одликуваат со интелигенција, ненаметливост и лојалност.

3. Крвна група Б

Јапонските истражувачи ги истражуваат ефектите на поединечните крвни групи врз карактерот и темпераментот уште од 1930-тите, а особено се фасцинирани од луѓето со крвна група Б, бидејќи тие се психолошки многу контрадикторни.

Истражувачите во земјата на изгрејсонцето откриле дека луѓето со оваа крвна група се креативни, страсни и енергични. Од друга страна, луѓето со оваа крвна група можат да бидат себични и непредвидливи.

4. Крвна група АБ

Крвната група АБ го зголемува ризикот од нарушувања на меморијата, покажа истражувањето објавено во списанието Neurology.

Истражувачите тестирале луѓе од различни крвни групи во старост и забележале дека луѓето со крвна група АБ имаат поголеми потешкотии во учењето и запомнувањето на информациите во третата возраст од другите крвни групи. Од друга страна, зборуваме за сочувствителни луѓе кои лесно се прилагодуваат на секоја ситуација без да ја изгубат својата индивидуалност.