Норвешкиот напаѓач и голема ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пристигна на еден од последните тренинзи на својот тим во нов, монструозен пикап со кој привлече внимание.
Халанд, како и повеќето негови колеги во фудбалскиот свет, отсекогаш сакал да привлекува внимание со моќни возила, а сега купи и скап пикап „Шелги Супер Снејк Ф-150“.
Станува збор за огромно возило произведено во „Форд“, кое обично го гледаме по американските патишта, а чија вредност е повеќе од 250.000 евра.
Импресивниот 4×4 модел се одликува со 5,0-литарски V8 мотор со компресор, кој може да произведе до 785 коњски сили и да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,4 секунди.
Англиските медиуми шпекулираат дека тоа бил подарок за роденден или дека Халанд се почастил себеси кога наполнил 25 години на 21 јули.
Норвешкиот напаѓач потпиша нов договор со „Етихад“ во февруари, кој ќе му донесе неверојатни 600.000 евра неделно.
Халанд е пред почеток на нова сезона со Сити, во која сака да го врати својот тим на патот на освојување трофеи по катастрофата што ја доживеаа „Граѓаните“ во минатата сезона. Тимот помина низ реконструкција, без Кевин де Брујн, Џек Грилиш, Савињо и уште неколку играчи, но цела ѕвездена галаксија дојде да ги замени.