За првпат во историјата, научниците ја снимиле активноста на човечкиот мозок што умира, откривајќи дека ги покажува истите обрасци забележани за време на сонот, сеќавањата и медитацијата, покажа новото истражување.
Наодите, објавени во списанието Frontiers in Aging Neuroscience во вторникот, покажаа снимка на активност кај 87-годишен пациент кој бил поврзан на апарат за електроенцефалографија за откривање напади и лекување на пациентот кога ненадејно имал срцев напад и почина.
Деветстотини секунди мозочна активност измерени во моментот на смртта на пациентот се опишани како слични на „сеќавање на животот“. Искуството, кое е споредено со она што се случува околу искуството блиску до смртта, потенцијално одговара на прашањето за мозочната активност во овие моменти што ги збуни невронаучниците.
– Преку генерирањето на осцилации вклучени во враќањето на меморијата, мозокот може да го репродуцира последниот потсетник за важни животни настани непосредно пред нашата смрт – изјави д-р Ајмал Земар, неврохирург од Универзитетот Луисвил во САД, кој го организираше истражувањето.
Истражувачите рекоа дека наодите може да значат дека мозокот останува активен и координиран додека поединецот умира, па дури и по смртта. Земар додаде дека овие наоди го ,,предизвикуваат” нашето сеќавање за тоа кога точно завршува животот и генерираат важни последователни прашања, како што се оние поврзани со времето на донирање органи.
Оваа студијата е прва што ја испитува живата мозочна активност кај човек што умира, но следи слични наоди во осцилации забележани кај стаорци чувани во контролирана средина. Бидејќи пациентот претходно претрпел повреди па на мозокот имал оток, истражувачите признаваат дека податоците се комплицирани, а Земар рече дека планира да спроведе дополнителна истрага за да ја потврди својата првична студија.
– Нешто што можеме да научиме од ова истражување е: иако нашите најблиски плачат се подготвени да нè остават да се ,,одмориме”, нивниот мозок можеби повторува некои од најубавите моменти што ги доживеале во животот – рече Земар.